Хаос на граничниот премин Хоргош меѓу Србија и Унгарија

од Vladimir Zorba
89 прегледи

  Голем сообраќаен метеж се создаде на српско-унгарската граница, на граничниот премин Хоргош, во близина на Суботица, со километарски колони за влез во Унгарија.

Над 50 автобуси ноќеска и утринава чекаат и до 10 часа , додека за патничките автомобили времето за чекање е нешто покусо. Причина за долгите чекања се новогодишните празници и заострената контрола од страна на Унгарија.