(ГАЛЕРИЈА) Министерот Филипче ја посети Општата болница во Струмица

од desk4
78 прегледи

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска ја посети Општата болница во Струмица и изврши увид во градежните работи на новото крило во оваа ЈЗУ.

Новото болничко крило се простира на површина од 6.500 квадратни метри, каде ќе бидат сместени најсовремен Ургентен центар и уште осум болнички одделенија.

Во рамки на посетата, министерот Филипче оствари средба со раководството на Струмичката болница, на која, меѓу другото стана збор и за унапредување на Интервентната кардиолошка служба.

Болницата годишно опслужува над 200 илјади пациенти од Струмица, како и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село.

Со отворањето на новото крило се очекува да се зголеми бројот на пациенти, кои ќе добијат поквалитетни здравствени услуги.