Дехари имаше отворена средба со печалбарите во Кичево

од desk4
79 прегледи

Градоначалникот Фатмир Дехари имаше средба со печалбарите од кичевскиот регион кои деновиве престојуваат во родниот крај за време на новогодишните празници.

На овој собир имаше и други заинтересирани граѓани кои има можност да се запознаваат со предвидените активности на ооштинската администрација.

– Јас ве сметам како нераскинлив дел на нашето општество и затоа денеска ве повикав да продолжиме, како и во минатото да бидеме како општинска администрација транспарентни, па затоа денеска ќе го презентираме буџетот на општината и предвидените проекти за реализација во наредната година, рече Дехари.