Домот на новинарот Томислав Кежаровски за време на новогодишната ноќ бил ограбен при што биле земени два лаптопа, мобилен со германски број, часовници и ланчиња.

„Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовини и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели?“, напиша на социјалните мрежи сопругата на Кежаровски, Марина Кежаровска.

Во дневниот билтен на МВР, во врска со овој настан информираат дека ноќта непознат сторител преку балконска врата влегол во куќата на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел повеќе вредни предмети.
Увидна екипа извршила увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот./Макфакс