Градоначалникот на Чаир го даруваше првото новороденче во општината, малиот Давид

од desk4
91 прегледи

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу му додели денеска подароци за првото новороденче во Гинеколошката Болница „Мајка Тереза“ за семејството Тодоровски и нивниот син Давид.

– Многу сум среќен што станав дел од радоста на семејството Тодоровски по повод раѓањето на нивниот син, Давид во првите моменти на 2018 година. Наша обврска е и грижата за најмалите граѓани за нивните успешни први чекори во животот. На мајката Василка и на семејството Тодоровски покрај подароците за првото новороденче во Гинеколошката Болница „Мајка Тереза“ во Чаир им посакав многу радосни моменти во животот, а на малиот Давид многу здравје и радосно детство, изјави Ганиу.