
Американската актерка Ева Лонгорија, позната по својата улога во серијата Оочајни домаќинки„, очекува дете од нејзиниот сопруг, мексиканскиот медиумски магнат Хозе Пепе, Бастон. Ова бебе ќе биде прво за 42-годишната актерка која нема деца од нејзините претходни бракови. Лонгорија беше во брак со актерот Тајлер Кристофер и со кошаркарот Тони Паркер. Актерката на Инстаграм објави фотографија на која таа го покажува бремениот стомак.
