Учениците од денеска на зимски распуст

од desk2
88 прегледи

Од денеска започна зимскиот распуст за 270 илјади средношколци и основци, од кои околу 20 илјади првачиња.

Второто полугодие продолжува од 22 јануари.

Последниот работен ден беше на 29 декември, а учениците ќе имаат продолжен викенд бидејќи 19 јануари (петок) е неработен ден.