Рекордно студена зима во САД, погодени 180 милиони луѓе

од desk2
132 прегледи

Екстремен студ погоди голем дел од САД и собори рекорди на ниски температури, поради што починаа најмалку две лица и беа откажани новогодишни прослави.

Зимата погоди 180 милиони луѓе, а температурите до крајот на седмицата дополнително ќе се намалат. Во поголем дел на Америка температурите се под нулата, а некаде дури и до минусни 38 степени.

Студеното време зафати голем дел од Тексас на југот, до Канада на северот и од Монтана на северозапад, до Нова Англија на североистокот.

Ниските температури ги погодија и сојузните држави Канзас, Мисури и Небраска, како и Ајова, Минесота и Јужна и Северна Дакота.

„Зимата е тука и најлошото допрва доаѓа. Температурите на југоистокот на САД до крајот на неделата ќе останат далеку под просекот“, велат метеоролозите на Си-ен-ен.

На сила се предупредувања за студени ветрови во неколку сојузни држави, а временските неприлики се означени како опасни.

Невремето предизвика голем број сообраќајни несреќи, замрзнување на водоводни цевки, испразнети акумулатори. Во државата Висконсин биле пронајдени тела на двајца мажи на возраст од 50 и 34 години со знаци на смрзнување./Макфакс