ЈП ПОЦ: Каблите биле под прописите за повеќе од 80 сантиметри

од desk2
80 прегледи

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар испратија соопштение во врска со денешниот настан, кога пајак откорна бандера во Дебар Маало.

„Ве известуваме дека според записникот од извршениот увид на лице место од страна на овластените службени лица при Министерството за Внатрешни Работи на Р. Македонија и мерките земени во моментот на случката на ул. Наум Наумовски Борче (спроти кафулето Круг), се констатираше дека каблите кои што требале да бидат на висина од најмалку 4,5 метри според член 37 од Законот за јавните патишта (http://makedonijapat.com.mk/uploads/JAVNITE_PATISTA.pdf), биле под прописот за над 80 сантиметри.

Висината на пајак возилото со товар, според записникот, во тој момент била 3,7 метри при што е констатирано дека не ги поминува пропишаните норми за висина“ се вели во соопштението на ЈП ПОЦ.