Најпознатиот светски „ликстер“ Џулијан Асанж се врати на Твитер со убиствена порака која укажува дека најверојатно бил под голем притисок и закани од одредени центри на моќ. Затоа тој објави статус во кој има навидум неконтролирани бројки, но тоа е код од 60 знаци кој е всушност клуч за скриени фајлови.

Исто така во објавата е поставена и песната Paper Planes на познатата раперка M.I.A. што можеби е порака дека има премногу информации кои би „летнале“ до јавноста.
Во случај на смрт на Асанж тие досиеја автоматски би биле објавени на интернет. Тоа значи дека било кој да му се заканува на Асанж нема да добие ништо, бидејќи ова е совршен безбедносен механизам кој би открил многу опасни детали во јавноста.
Слична тактика во 2016 употреби и Едвард Сноуден на Твитер кој пребегна од Американската безбедносна агенција со илјадници документи и програми.
Профилот на Асанж на 24 декември беше мистериозно избришан, а од Викиликс потврдија дека нивниот основач е здрав и жив сместен во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Засега тешко е да се утврди која разузнавачка служба му се заканила на Асанж и што сака да добие од хакерот.