Поевтини комунални услуги во Гевгелија

од desk4
135 прегледи

Граѓаните на општина Гевгелија годинава за вкупните комунални улуги што ги добиваат од јавното претпријатие „Комуналец“ ќе плаќаат по околу два денара помалку, односно наместо досегашните 19,14 по 17,62 денари, одлучи гевгелискиот Совет по предлог на комуналците.

Пониските цени на комуналните услуги се должат на намалените материјални трошоци, немањето обврски и позитивното финансиско работење на „Комуналец“, како и врз основа на пресметките направени од страна на новоформираната Регулаторната комисија, се вели во образложението.

За кубик потрошена вода за пиење, гевгеличани во 2018 година ќе плаќаат по 14,46 денари односно околу половина денар повеќе, но затоа пак, за собирање и одведување на урбаните води наместо 5,5 ќе плаќаат по 3,6 денари од метар кубен.