
Денеска околу 17,20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод помеѓу с.Србјани и с.Староец се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.
Во несреќата загинало едно тримесечно бебе, а пет повредени лица со Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Кичево. Сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.