Пожарникарите биле повикани во куќата на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари синоќа, недалеку од Њујорк, соопшти полицијата.

Не е познато дали има повредни во пожарот, вели полицискиот службеник Артур Мендоза, додавајќи дека не може да изнесе повеќе детали.
Извори од службите за вонредни состојби наведуваат дека пожарот избил во спалната соба во куќата во местото Чапакуа, 64 километри северно до Њујорк.
Други детали не се познати, но семејството Клинтон не било во куќата во време на пожарот.