Вчера околу 17.20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец, се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило фолксваген голф, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(48) од Кичево, возило алфа ромео, со словенечки национални ознаки управувано од М.С. (52) од с.Пласница и товарно моторно возило „Даф“, со кичевски регистерски таблички, управувано од Д.Д.(29) од Кичево.

Како што информираа од полицијата на местото на настанот од здобиените повреди починало три месечно бебе.
Со тешки телесни повреди повреди се здобиле возачот на патничкото моторно возило голф и сопатник во возилото Л.Б.(51), кои по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево се упатени во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на алфа ромео кој бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, а со телесни повреди се здобиле 13- годишно дете и А.А.(41), двајцата од село Пласница.
Несреќата се случила кога возачот на автомобилот „Голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекнување на влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото „Голф“ удрило во автомобил „Алфа Ромео“ со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец.
Увид на местото на настанот е извршен од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Полициска станица Кичево.