(ВИДЕО) Најмалку 14 загинати и повеќе од 250 повредени откако воз се судрил со камион во Јужна Африка

од desk4
169 прегледи

Најмалку 14 лица загинаа, а стотици се повредени откако воз се судри со камион и автомобил во Јужна Африка. По судирот еден од вагоните на возот се запалил.

Од железничката компанија соопштија дека бројот на жртви е 14, додека министерот за транспорт на Јужна Африка кажа дека има најмалку 12 мртви и повеќе од 260 повредени.

– Се уште не е потврдено, но бројката на загинати во моментов е 14, изјави Дејзи Даниел од железничката компанија.

Судирот се случил во близина на градот Крунстад, а како причина за несреќата се наведува тоа што камионот не застанал на рампата.

Властите известија дека околу 850 патници биле безбедно евакуирани од возот, а возачот на камионот се обидел да избега, но бил уапсен.