Сончевото време и невообичаените температури го топат снегот

од desk4
143 прегледи

Се намалува снежната покривка низ државава поради сончевото време со натпросечни температури за овој период на годината. Во Лазарополе снежната покривка изнесува 7 сантиметри, во Маврово 5, во Крушево 4 и во Тополчани 1 сантиметар.

Денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во одделни котлини има услови за појава на магла и ниска облачност, а температурите ќе се движат од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 6 степени.