Вчера во Скопје се случиле шест сообраќајки, во кои четири лица се повредени

од desk4
161 прегледи

Вчера во Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи во кои четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Полицијата во текот на вчерашниот ден казнила 12 возачи за брзо возење, а 19 возачи биле исклучени од сообраќај. Тројца од нив управувале возило под дејство на алкохол, 14 возеле без возачка дозвола и двајца бидејќи биле возачи почетници.

Поради техничка неисправност 14 возила се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 10 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца бидејќи поминале коловоз на црвено светло. Шест возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци и исто толку неправилно престигнувале.

Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, додека 95 возила се подигнати со “пајак”.