Општина Ресен со развоен буџет во 2018 година

од desk4
119 прегледи

– Општина Ресен донесе развоен буџет со кој се овозможува неселективност во водењето на фискалната политика, фискална одржливост и етапна консолидација на локалниот буџет.

Од општина Ресен информираат дека во 2018 година ќе се врши рестриктивна и ригорозна контрола на непродуктивните трошоци, подобро буџетско планирање и користење на капиталните расходи.

Основниот буџет на општина Ресен за оваа година изнесува 134.079.361 денари, а во расходниот дел, најголемо е учеството на капиталните расходи од 32,86 отсто или 44.062.840 денари со кои ќе се решаваат основните комунални и инфраструктурни потреби на граѓаните, односно изградба на водоводи, канализации, локални патишта и улици, тротоари, изготвување на проектна документација, изготвување на урбанистички планови…

Со средства од локалниот буџет усвоен од општинскиот Совет, а предложен од градоначалникот Живко Гошаревски во текот на годината за урбанистички планови ќе бидат издвоени 2,3 милиони денари, за уредување на градежно земјиште 7 милиони денари, за уредување на простор во рурални средини 8,5 милиони денари, а за поддршка на локалниот економски развој и развој на туризмот ќе бидат обезбедени 5,7 милиони денари.

Во 2018 година планирани се средства за воведување втора смена во ресенската детска градинка и уредување нови простории за дневен престој на деца со посебни потреби, а ќе се реконструира и спортската сала за што во тек е изработка на изведбен проект, информираат од општина Ресен