Општина Центар ја почнува процедурата за решавање на проблемот со бездомните животни. На иницијатива на градоначалникот Саша Богдановиќ, во буџетот за 2018 година се предвидени 6.000.000 денари за изградба на стационар за згрижување на напуштени животни на територија на општината.

Досега немало проект за изградба на ваков стационар и Центар ќе биде првата општина која го прави ова и ќе биде пример за хумано справување со проблемите со бездомните кучиња и мачиња.
Општина Центар информира дека се разгледувале неколку опции за локација за сместување на овој стационар, кој ќе ги исполни сите неопходни стандарди за згрижување. Напуштените животни ќе бидат сместени во стационарот до вдомување во семејства.
– Со ова ќе се стави крај на бездомни кучиња кои се шетаат во централното градско подрачје, ќе се превенира за намалување на можни заразни болести кои се пренесуваат меѓу животните и ќе се обезбеди сигурност на децата и на граѓаните, се вели во соопштението.