Скијалиштата на Алпите отсечени од светот

од desk2
67 прегледи

Поради големите снежни врнежи скијалиштата во Алпите во Италија и во Швајцарија се отсечени од светот, пренесе BBC.

Италијанските медиуми јавуваат дека во Червинија паднале два метри снег, а дека околу 10.000 туристи се заглавени таму.

Слична е ситуацијата и во швајцарски Аделбоден каде е мобилизирана војската за да ги расчисти патиштата од последиците од снегот.

Висок степен на опасност од снежни лавини прогласена е во австриски Тирол.