Париз: Жена полицаец исчезна во водите на Сена

од desk2
60 прегледи

 

Голема операција за спасување денеска е спроведена во реката Сена во Париз откако жена полицаец исчезна во водата на реката при тренинг за нуркање на специјалните сили.

Таа влегла во водите на Сена околу 11.30 часот, но не излегла во предвиденото време, при што покрената е голема потрага со нуркачи, бродови и хеликоптери од нејзините колеги полицајци.

Надлежните ги предупредија жителите на Париз да внимаваат викендов затоа што водата во реката Сена е на загрижувачко ниво и продолжува да расте.

Нивото веќе се зголеми двојно од 1,6 на 3,2 метри во една недела, а се очекува во следните 72 часа да расте.