На дадлика од Тексас отштета од 121.000 долари

од desk2
62 прегледи

Една брачна двојка од американската сојузна држава Тексас треба да плати 121.000 долари на една жена од Нигерија, како отштета.

Тие, две години, ја присилувале жената да работи по 20 часа дневно, а не и плаќале за тоа.

Судот за тие двајца Американци со потекло од Нигерија, пресуди казна од седум месеци затвор, седум месеци куќен притвор и уште три години условна казна.

Двојката и ветила на жената од Нигерија плата од 100 фолари месечно, но ја злоставувале додека работела во нивната куќа каде чувала пет деца во предградие на Хјустон од септември 2013 година до октомври 2015 година.