Во процесот на решавање на прашањето за името сите знаат дека треба да го сочуваме достоинството и на народот и на нацијата и на државата. Но ако, не дај боже, не се реши до крајот на јуни, тогаш, наместо ние во Европа, ќе мора Европа да ја донесеме овде. Но јас сум непоправлив оптимист и не помислувам дека нема да се реши, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МКД.мк. Тој додава дека никој од него не побарал промена на имиња на патишта или аеродром, но ако некој постави вакво прашање, тој е спремен да разговара. Заев се надева дека кај опозицијата ќе преовладее чувството на одговорност кон државата и дека таа ќе се врати во парламентот.

-Засега можам да кажам дека успешно ја реализиравме првата фаза, при што посредникот Метју Нимиц седна на маса заедно со преговарачите од двете страни, за да провери до каде се спремни да одат двете страни и впечатокот од таа средба е дека двете страни се спремни суштински да навлезат во решавање на проблемот. Паралелно, градиме меѓусебна доверба и тоа се гледа низ сите пораки што си ги испраќаме едни на други.
Сѐ уште не е дојден моментот да се разговара по предлози, но очекувано е да има чести сесии, за наоѓање решение на проблемот со името.
Убеден сум дека тоа треба да го направиме до крајот на првата половина на 2018 година, вели Зев во интервјуто за МКД.мк кое целосно може да го прочитате овде.