Во чест на Бадник изутрината 170 дечиња од сите училишта во Аеродром ја испеаја старата Божиќна песна „Вечниот Бог“ пред општината, каде ги пречека градоначалникот Златко Марин и им подели традиционални бадникарски пакетчиња.

– Денеска се собравме тука во духот на вековната македонска традиција, во духот на дарување и нови почетоци. Со младите од општина Аеродром го одбележавме Бадниковото утро. Им поделивме пакетчиња со дарови според коледарските обичаи, порача Марин Тој нагласи дека токму младите се најголем симбол за светла иднина.
– Во следните години ќе работиме неуморно да им обезбедиме услови за развој и напредок во сопствената општина и држава. Им благодарам на сите што дојдоа денес тука, заедно да го одбележиме почетокот на еден од најзначајните христијански празници. На сите ви посакувам мир, спокој и безброј радосни мигови со вашите најблиски. Честит Бадник и среќни празници!“, рече Марин.
Настанот беше дел од манифестацијата Бадникови поворки во кои учествуваат над 7.000 деца во цела Македонија.