Детската амбасада за сите деца во светот денеска во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ по 12-ти пат ја организра манифестацијата „Божиќен ручек” на која 500 деца од сите градови од земјава ќе ручаат, ќе се дружат и ќе го слават Христовото раѓање.

На заедничка трпеза ќе седнат деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, деца – истакнати членови на Детската амбасада.
Божиќниот ручек ќе го благослови митрополитот г. Петар, а во рамки на манифестацијата Детската амбсада за сите деца во светот ќе ги додели орденот „Носител на мирот“ и плакетата „Пријател на децата“./MIA