БЕСА од Тетово: Ќе ја продолжиме политичката битка

од desk2
81 прегледи

Движењето БЕСА на денешната прес конференција во Тетово соопшти дека било разговарано за проблемите низ кои минува партијата.

Оттаму порачаа дека, БЕСА ќе остане да се бори во политичката битка, а неодговорните луѓе да ги тргнат рацете од оваа партија. Не можеме да останеме рамнодушни на еден пратеник и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами.

Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на БЕСА, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции“, истакнаа од БЕСА на денешната прес конференција.

Скопското крило на Беса вчера го разреши Биљал Касами од лидерската позиција, поради, како што рекоа, одговорност за политичкиот пад на партијата./24 Вести