ТВ 24 дознава: ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собрание на деветти

од desk2
103 прегледи

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на првата седница по празниците, сепак ќе седнат во собраниските клупи – потврди за ТВ 24 партиски функционер.

Од партијата засега не ги откриваат причините поради кои го прекинуваат бојкотот, ниту пак дали е постигнат некаков компромис со владејачкото мнозинство. Сепак остануваат на ставот дека нивните притворени колеги треба да бидат пуштени на слобода, а неизвесно останува како пратеничките групи ќе функционираат без нив.

Ваквата одлука следува по претходните интензивни консултации помеѓу власта и опозицијата, што беше причина седници да не се одржуваат изминативе две недели.

Официјално од партијата ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие информации./24 вести