На социјалната мрежа „Фејсбук“ граѓани се организираат за протест против загадувањето на воздухот ред Владата на РМ. Протестот е предвидено да започне точно напладне.

Во објавата пишува: „Британската Влада во 2000-та ни „поклонила“ согорувач за медицински отпад кој не е ги задоволува ЕУ стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и бројни други нарушувања“.
Минатиот протест против аерозагадувањето пред Владата на РМ, помина со многу мал одѕив кај граѓаните.