Над седум илјади туристи во Kрива Паланка и манастирот Св. Јоаким Осоговски во празничниот викенд

од desk4
79 прегледи

За време на продолжениот празничен викенд манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка го посетиле над седум илјади туристи, а сместувачките капацитети биел исполнети до последно место, информираат одговорните во манастирот од Кумановско-Осоговска епархија.

Убавата природа, чистиот воздух и продолжениот празничен викенд беа повод овој прекрасен предел на Осоговските планини да биде дестинација на илјадниците посетители од речиси сите краеви на Македонија, бројни беа и гостите од соседна Бугарија, но и повратници од западноевропските земји кои во духот на христијанството дојдоа во родната Крива Паланка.

– Над стотина легла со кои располагаат манастирските конаци и хотел беа исполнети за време на деновите од викендот, а се бараше и место повеќе. Топлото време,празниците посветени на семејството и Бог, традиционалната кривопаланечка кујна, со специјалитети од храна од ова поднебје, услужнито персонал и духовнито мир,беа она што ги привлече бројниет посетители, кои во огромен број дојдоа во манастирот, дополнуваат одговорните од манастирот.