Дел од Центар, Кисела Вода и Зелениково утре без струја

од desk2
67 прегледи

Дел од корисниците од општина Центар, лоцирани на улицата „20 Октомври“ куќни броеви од бр. 27 до бр. 42 утре ќе бидат без електрична енергија од 9 до 14:30 часот.

Во периодот од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Михаил и Ефтихиј“ во општина Кисела Вода, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од улиците „Христо Чернопеев“ и „Славејко Арсов“ во општина Центар.

Долготраен прекин во снабдување со струја од 9 до 16 часот ќе имаат сите индустриски капацитети во општина Зелениково како што се фирмите „Маско“, „Хајтек“, „Бујото“ и други, селата Таор, Орешани и викенд населбите Орешани и Јане Сандански во Зелениково.

Од 9 до 14 часот долготраен прекин во снабдување со струја ќе имаат селата Страхојадица, Ново Село, Смесница, Гумалево, Градовци, Дејковец, Добрино, Тисовица, станица Зелениково, како и сите останати населени места во општина Зелениково.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.