Лекарите од штипската Клиничка болница бараат исплаќање на дежурствата согласно колективниот договор

од desk4
103 прегледи

Бидејќи околу десет години не им биле исплаќани пари за дежурства согласно колективниот договор, над сто лекари од штипската Клиничка болница се заканија со тужба, а некои од нив веќе почнале судски постапки во Основниот суд во Штип.

Од раководството на болницата одржале состаноци со лекарите на сите одделенија, кои испратиле и официјален допис, со кој си ги бараат парите што им следуваат.

Во моментов предмет на анализа се дежурствата во изминатите три години, а според првичните проценки на лекарите од штипската Клиничка болница треба да им се исплати сума од околу 123 илјади евра.

Раководството на Клиничка болница-Штип потврдува дека до нив е пристигнато вакво барање од страна на лекарите, а како што велат секојдневно се и зголемува бројката.

– Празвиме анализа. Утврдуваме дали или не биле прекршени одредбите од колективниот договор, во однос на исплатата на дежурствата. Тогаш ќе знаеме за која сума се работи по што и ќе бараме конкретни решенија, велат од раководство на штипска Клиничка болница.