Австрија одбива да третира осомничен борец на ИД во кома

од desk2
90 прегледи

Австрискиот министер за внатрешни работи во среда одби да дозволи осомничен борц на Исламска држава да патува од Грузија во Виена за итна операција, велејќи дека тоа е голем безбедносен ризик.

Темерлан М. (19) е во кома откако бил застрелан во главата при операција на сепцијалните сили во северна Грузија на 26 декември, јави весникот Kronen Zeitung.

Се верува дека тој е поврзан со Чеченскиот воен лидер Ахмед Чатаев, кој е осомничен за организирање на напад на истанбулскиот аеродром во 2016 година.

Грузиските власти побарале тинејџерот да биде опериран во виенска болница, но портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи вели дека властите ставиле вето на негов влез во земјата.

Пристигнувањето на Темерлан М. може да претставува голем ризик за домашната безбедност, вели портпаролот, додавајќи дека можно е да се организира негово спасување или подоцна да бидат уценувани ако тој влезе во Австрија.

Со 8,7 милиони жители и голема чеченска заедница, Австрија е една од европските земји со најмногу странци по глава на жител.

Чатаев беше убиен за време на контра-операција во главниот град на Грузија, Тбилиси во неомври.

Беше идентификуван од турските медиуми како организатор на тројното бомбашко самоубиство во Истанбул на главниот аеродром во јуни 2016 година во кои 46 луѓе загинаа, а повеќе од 200 беа ранети/

Новата влада на Австрија, коалицијата меѓу конзервативната Народна партија и крајно десничарската FPÖ стабпија на власт во средината на декември, и ветија дека ќе го спречат илегалното мигрирање со цел да се зачува националната безбедност.

Крајно-десничарската FPÖ го води министерството за внатрешни работи.