119
Пратеникот Сашо Василевски не се појави на јавната седница во Апелациониот суд на која ќе се расправа дали да му биде укинат притворот.
Во судницата дојде само неговиот адвокат Александар Новакоски, кој барал и тој да дојде на седницата, но Василевски не сакал. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ е во притвор за „крвавиот четврток“.
Апелациониот суд во текот на денешниот ден се очекува да објави дел од одлуките за евентуално укинување на притворот за дел од осомничените од настаните од 27 април./A1on