Со наградата на американските филмски критичари Critics ‘Choice Awardsrds за најдобар актер беше удостоен Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во филмот “Најјмрачниот час”.
23-та церемонија за престижни награди се одржа во Лос Анџелес и се емитуваше на CW.
За наградата од филмските критичари награда во категоријата “Најдобар актер” се бореа Тимоти Чаламет, Џејмс Франко, Џејк Гиленхал, Том Хенкс, Даниел Калу и Даниел Деј-Луис. Наградата на најголемата асоцијација на филмски критичари САД и Канада BFCA во која влегуваат околу 300 критичари, се доделува секоја година.
Таа се смета за барометар на расположението во Холивуд за потенцијалните победници во претстојните награди “Оскар” во март.