Проаква од денеска почна со исклучување на неплаќачите од системот за водоснабдување во Струга. Први на удар се правните субјекти кои со години не ги подмирувале своите долгови кон претпријатието.
За период од три години Проаква од овие фирми има побарувања поголеми од еден милион евра. Само за 2017 година таа сума е околу половина милион евра, информира АлсатМ.
Покрај граѓаните, големи должници се и државни и локални институции, болници и училишта на кои отпаѓаат околу 40 % од долговите.
„Од правните субјекти на локално ниво само училишта за вода должат за оваа година повеќе од 20 милиони денари. Државните институции како што се подрачните министерства вклучително и болниците кои се под капа на државата должат околу 10 милиони денари. И затоа преземаме мерки за исклучувања директно“. – изјави Ваит Ајро- директор на Проаква Струга
Должат и угостителски објекти, чиј што долг за изминатите неколку години достигнувал и до 100 милиони денари. Од претпријатието, за Алсат М велат дека нема да бидат толерантни кон никого.
Целиот текст можете да го прочитате тука