Слаб одзив на протестот против загадениот воздух

од desk2
94 прегледи

Слаб е одѕивот на скопјани во битката за чист воздух, а кои денеска беа повикани да протестираат пред Владата.

Протестираа едвај педесетина кои со пароли „Вие и вашите деца дишете друг воздух?! “, „Сакам да дишам“, „Чист воздух – здрави деца“ се обидоа уште еднаш да ја разбудат совеста кај своите сограѓани да придонесат за почист воздух, кога веќе мерките против аерозагадувањето што ги преземаат властите не даваат резултати.

Аерозагадувањето во Скопје и во неколку други градови во земјава е алармантно и опасно по здравјето. Истражувањата покажуваат дека годишно губиме 1.300 животи поради болести предизвикани од отровите во воздухот, како што е ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.