Мајката на змејовите: Емили Кларк и одличниот избор на кармините

од desk4
205 прегледи

Емилија Кларк – Мајката на змејовите во серијата Игра на троновите демонстрира одлично познавање на она што е тренд во модата или каков кармин треба да се стави на усните.

Актерката покажа завиден талент за модните трендови и  на усните стави драматично темен кармин.

Блондинката објави кадар од својот избор на личниот профил на Instagram и нè потсети дека токму темните пигменти во козметичките производи ќе бидат актуелни и во наредната сезона.

За да го постигнете овој совршен ефект, прво е потребно  да се избере соодветна нијанса на темен кармин.

Потоа се нанесува молив за да се исцртат усните и да се заврши слојот од кармин. За да се запечати бојата и да сте сигурни дека темниот кармин нема да се размачка, по првиот слој малку се става  пудра за лице со четка врз усните и уште се нанесува друг слој кармин.