Еден загинат и над 20 повредени во сообраќајки во Скопје изминатиот викенд

од Vladimir Zorba
92 прегледи

  Едно лице загина во една од вкупно 25 сообраќајки што се случија во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во една незгода, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а полесно повредени се 21 лице во девет сообраќајки. Во 15 сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи поминале на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, пет возачи се казнети за неправилно престројување и еден возач за неправилно престигнување. Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои возеле под дејство на алкохол, 35 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и 25 нерегистрирани возила. Санкциониран бил и еден пешак кој не поминал на пешачки премин. Затекнати биле и 145 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 141 возило.

Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативна работилница со деца од средна и голема група во детската градинка „Росица“, објект „Детелинка“ во општина Ѓорче Петров.