Данев: СДСМ со Договорот со Бугарија го негира постоењето на македонскиот јазик

од desk2
95 прегледи

 

СДСМ спротивно на ставот на експертите, голем број општествени чинители и без присуство на опозицијата во Собранието, одлучи на своја рака, заради нивни политички интереси да го истурка договорот со Бугарија, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, откако во Собранието беше ратификуван Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според него, власта, спротивно на интересите на македонскиот народ ратификуваше целосно асиметричен договор во однос на правата и обврските што ги имаат двете страни. Во овој договор, додаде тој, Република Македонија е оштетена и затоа истиот еуфорично е поздравен само во соседна Бугарија.

„Договорот има сериозни пропусти и истиот не го дефинира македонскиот народ како реална и идентитетска посебност. Македонија своеволно се откажа и од македонското малцинство оставајќи илјадници луѓе на цедило. СДСМ со овој договор сам го негира постоењето на македонскиот јазик и дозволува истиот да биде ословуван како јазикот според Уставот. Власта дополнително се согласи на промена во учебниците по историја на база на проценка на интервладина политичка комисија. Ова е надвор од здравиот разум и принципите на науката“, рече Данев.

Според него, СДСМ овозможи со овој договор, Република Бугарија да нè блокира на секој чекор кон ЕУ, доколку тие оценат дека одреден дел од договорот не е исполнет.