Во Апелација ќе се разгледува жалбата на напаѓачот на Шекеринска

од desk2
110 прегледи

На јавна седница во Апелација денеска ќе се разгледува жалбата на напаѓачот на тогашната пратеничка, сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска што се случи во нередите во Собранието на 27 април.

Панче Ангелов беше осуден за насилство на четири години затвор по признание на вина.

Неговата одбрана се жали на квалификацијата на делото и на висината на казната и своите аргументи во жалбата ќе ги изнесе денеска на седницата./24 Вести