Претседателот Ѓорге Иванов до четврток треба да стави потпис на законот за јазиците кој е во согласност целосно со уставот, Охридскиот мировен договор зад кој застанаа Вашингтон, Брисел, НАТО.

-Мислам, рече Али Ахмети за Алсат- дека господинот Иванов ќе постапи согласно уставот и законот. Со тоа тој и лично ќе си го поправи авторитетот кај Албанците во Македонија и пред меѓународната заедница. Не би требало тој да не стави потпис на указот за законот, но доколку се случи тоа има процедура законот во вториот обид да стапи на сила и без неговиот потпис. Прашан дали стравува од некои најави дека ќе биде оспорен на уставниот суд Ахмети цврсто уверен дека законот го работеле експерти и дека се внимавало строго да не се направи пропуст за да истиот падне на уставниот суд.
-Не разбирам зошто толку силни емоции, со законот не губи никој, напротив секој јазик е богатство. Не можеме да речеме дека македонскиот и албанскиот јазик во Македоија со овој закон се изедначени. Внатре во државата, во сите институции да, но во меѓународните комуникации согласно Охридскиот договор македонскиот е официјалниот јазик за комуницирање./Алсат М