Миле Стојановски го фати крстот во Тетово, само тројца скокнаа во осветените води

од desk2
457 прегледи

Миле Стојановски (56) од населбата Поток во Тетово беше најбрз меѓу тројцата верници кои се обидоа да го фатат осветениот крст на денешниот празник Богојавление Водици во соборниот храм Свети Кирил и Методиј.

Претходно празнична архиерејска литургија отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, по што водосвет и спуштање на осветениот крст се направи во базенот во црковниот двор.

-Живеам блиску до црквата во наслебата Поток и верен сум и на традицијата и редовно учествувам на ова празнување. По трет пат во живото го фаќам прв крстот. Прв пат тоа го направив во 2003 г. и пред две години во 2016-та. Посакувам здравје и бериќет кај сите како на мене и моето семејство така и на сите православни христијани – изјави Миле Стојановски.