(ВИДЕО) Руските власти ќе ги блокираат социјалните мрежи, поради повици за напад со нож 

од desk4
96 прегледи

 

Руските власти денеска објавија дека ќе ги блокираат групите на социјалните мрежи кои повикуваат на напади со нож во училиштата. Тие претпоставуваат дека двата напада што во последно време се случија во Русија можно е да се поврзани со „самоубиствената игра“ позната под името „Син кит“.

– Овие групи на социјалните мрежи охрабруваат масовно антисоцијална однесување и во суштина ги поттикнуваат учениците да изврштат самоубиство. Нема сомнеж дека ќе бидат блокирани игрите како што се „Син кит“, изјави рускиот заменик министер за комуникации Алексеј Вољин.

Сергеј Мањајло, специјалниот претставниик на претседателот на Русија, Владимир Путин за Сибирскиот федерален округ, изјави дека според прелиминарните информации, тинејџерот, кој утрово изврши напад во училиштето во Соснови Бор, бил член на една затворена група на социјалните мрежи и оти можно е да бил поврзан со напаѓачите во училиштата во другите руски региони.

Играта „Син кит“ минатата година беше популарна помеѓу тинејџерите во светот. Во рок од 50 дена на младите лица им се поставуваат различни задачи, на почеток безопасни задачи, како гледање хорор филмови, потоа ги убедуваат децата да се самоповредуваат односно со нож да врежат син кит на рацете, а на крај да се самоубијат