кога се работи за емотивни врски, жените имаат многу повеќе трпени во однос на мажите. Тие имаат многу разбирање и сфаќаат дека нема се секогаш да оди мазно. Жените не се совршени, но имаат многу повеќе толеранција.

Еве што жените полесно го прифаќаат во врска, за разлика од машкиот пол, пишува порталот “Your Tango”.
1. Константно користење телефон
Секопгаш постои некоја работа што треба да ја завршите или нешто да одработите, што не ви дава да се одвоите од телефонот дури ни кога вечерате.
2. Селективно памтење
Колкупати треба да повториме иста реченица, затоа што мажот не е доволно сконцентриран за слушање?
3. Екстремна мрзливост и неуредност
Сите имаме свои моменти, но никогаш да немате време да ги раскрените работите околу себе? Навистина? Кога кантата е оддалечена три чекори, а вие и понатаму не го фрлате ѓубрето, очигледно постои проблем.
4. Се очекува другата половина да ги сработи сите домашни работи
Женаа работи по цел ден, без разлика дали е работа, чување и нега на децата или готвење ручек, а партнерот очекува да ја исчисти куќата додека тој гледа телевизија?
5. Не се труди да смисли план
Не треба дамо жената постојано да мисли и да бира во кој клуб треба да излезете или во кој ресторан да вечерате. Мажите треба повремено да смислуваат излегувања и така да ја изненадат својата поубава половина.
6. Претерано дружење со другарите
Жените разбираат колку на мажите им е важно да се дружат со својата екипа, токму како што жените не можат да пропуштат кафе со своите другарки. Но, тоа никогаш не треба да биде изговор за да се напушти куќата или да побегнат од обврски.
7. Занемарување на својот партнер и заборавање мали гестови
Малите гестови се убав начин да му покажете на партнерот дека цените се што прави за вас.
8. Бели лаги
Зошто имате потреба да кажувате глупави лаги кои ги користите како аргумент? Секогаш подобро е да се каже вистината и отворено да се разговара за тоа.
9. Очекувате да добиете, а не давате ништо за возрат
Врските зе базираат на давање и добивање, имајте го тоа во главата.
10. Премногу време поминувате одвоени
Времето за себе е многу важно, но да не се видите со денови или недели, зборува дека вашето присуство не му е многу важно.