
Низ целата земја врне дожд, додека снег врне во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Павлешници и Кула, информираат од АМСМ.
Поради појава на магла, додаваат оттаму, намалена е видливоста на Плетвар од 50 до 100 метри.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.