Авганистанските безбедносни сили расчистија со напаѓачите од хотелот Интерконтинентал ,по 13-часовен судир,информира локалната агенција Толо.

Најмалку пет лица загинаа во нападот , вклучувајќи и странец. Шест лица беа повредени во опсадата, изјавија официјални лица, додавајќи дека тројца од жртвите биле безбедносни сили.
Групата напаѓачи повеќе часови и се спротиставуваше на авганистанските безбедносни сили. Според првичните информации хотелот бил нападнат од четири лица, а првите двајца убиени се синоќа.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш изјави дека бројот на жртвите е помал од очекуваното, откако успешно беа евакуирани 153 луѓе, од кои 41 странец.
Нападот се случи само неколку денови откако Амбасадата на САД во Кабул предупреди на евентуални напади врз хотели во Кабул.
До сега никој не презеде одговорност за нападот.
Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.