Министерството за финансии во вторник кај домашните банки ќе се задолжи за 24 милиони евра

од desk4
89 прегледи

Министерството за финансии повторно во вторник ќе се задолжи. Од домашните банки и осигурителни компании ќе земе заем од речиси 24 милиони евра.

Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава, а трето по еврообврзницата од половина милијарда евра.

Од Министерството за финансии велат дека парите се земаат за да се врати стар долг.

  • Од тие објави јасно е дека планираното повлекување на средствата по основ на  конкретната аукција на ДХВ е еднакво на она што доспева по истиот основ во периодот кој следи, велат од Министерството за финансии

Според календарот на 24 и на 29 јануари државата треба да врати стар долг од речиси 24 милиони евра.