Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски и поднесе кривична пријава на поранешната шефица на овој суд, Лидија Неделкова.

Според соопштението, поранешната претседателка изготвила писмо со невистина содржина и го пратила до Кривичниот суд кој претходно барал насоки како да постапува со предметите на Специјалното обвинителство.
Според Врховен, Неделкова во свое име изготвила насоки за скопска единица, а за тоа не биле известени останатите членови на казнениот совет во највисокиот суд.
Кривичната за Лидија Неделкова, Врховен ја поднел на 18 јануари, а известување било испратено и до Судскиот совет.