Нивото на реката Сена во Париз продолжува да расте, и се заканува дека ќе стигне до критичната точка од 6 метри.

Во моментот нивото е на 5,4 метри, но расте по 2 см на секој час. Веќе се недели околните патеки и патишта се под вода, а поради зголеменото ниво на водата затворена е една железничка линија, која го следи текот на реката низ главниот град на Фрнација.
Метрото се уште функционира на сите линии, но дел од станиците се под вода, односно, шините се поплавени. Реката ги пробила вреќите со песок ставени во повеќето станици.

Позната статуа Zouave поставена под еден мост на Сена е до колена во вода, а се очекува и целата да биде проголтана.
Crue à Paris: l’eau s’infiltre dans le métro à la station Pont Neuf pic.twitter.com/J8V0QRC80f
— BFM Paris Île-de-France (@BFMParis) January 24, 2018
Највисокото ниво што Сена го достигнала последните години е 6,1 метар, но далеку пониско од големата поплава во 1910 година, кога нивото достигнало до 8,6 меtри.
Installation de digues à Paris pour contenir la #crue de la #Seine. Son niveau devrait atteindre, comme en juin 3016, 6,15 m vendredi. pic.twitter.com/aPtMkpsJPs
— Aurélien Accart (@aurelienaccart) January 23, 2018
Сепак, музеите во Париз може да претрпат голема штета. Во 2016 година Лувр префрли 35.000 вредни уметнички дела од неколку приземни простории во само 48 часа, а можно е тоа да го направат и сега.
„Се уште нема вода во крилото за исламска уметност во Лувр, кое е на најниско ниво“, ни ќе остане затворено за посетители, до недела“, велат од музејот.

Музејот д`Орсеј, исто така се подготвува за преземање мерки од поплава, па ги откажаа сите настани за четврток вечер, во случај да треба да ги преместат уметничките дела.

Предградијата на Париз имаат поголеми штети околу реката Марне, која ги проби насипите и поплави цели улици со автомобили во некои населби. Евакуирани се 150 жители од најпогодените подрачја.