Сам си забодел нож во гради

од desk2
246 прегледи

Лекар телефонски пријавил во полиција дека кај него дошол пациент со убодна рана во градите.
Во средата, во 11,30 часот во Единицата за известување и команда -Скопје, телефонски од страна на доктор од итна медицинска помош било пријавено дека во село Трубарево Д.А. (61) бил прободен со нож.

По извршениот разговор со таткото на повредениот, тој кажал дека Д.А. во еден момент разочаран и видно изнервиран почнал главата да ја удира во ѕид, по што земал нож и си нанел еден убод во пределот на градниот кош.

Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување .